Connect with us

Фудбал

Елмас е иднината на Наполи, одбиени понуди од 25 милиони евра од неколку клубови

Само што се појави информацијата дека Бенфика е заинтересирана за Елиф Елмас, италијанскиот новинар, Чиро Венерато, кој важи за добар познавач на трансферите во Италија, во коментар за телевизијата РАИ вели дека дознал дека Наполи одбил неколку понуди во висина од 25 милиони евра за Елиф Елмас.

-На Елмас му е добро во Наполи. Ми рекоа дека Бенфика, Лидс, двете Борусии и Лајпциг, нуделе и 25 милиони за Елмас, но спортскиот директор ги одбиваше, не сака да преговара, смета дека Елмас е иднината на клубот, вели Венерато.