Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каков човек, тренерот на Алиоски, на противникот му го издиктира составот два дена пред мечот

Лидс и Вест Хем во петок ќе го отворат 12.коло од Премиер лигата. Тренерот Марсело Бијелса одржа прес конференција, на која одлучи два дана пред мечот на противникот да му го издиктира почетниот состав.

Аргентинскиот стратег смета дека нема што да крие, па јавно ги прочита имињата на играчите кои ќе настапат од првата минута, а тоа изгледа вака:

Меслие, Далас, Ејлинг, Купер, Алиоски, Филипс, Клич, Морено, Рафиња, Бамфорд и Харисон.