Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Невообичаени сцени во Париз, судиите и фудбалерите клекнати на колено, со крената тупаница

ПСЖ во овие моменти со 5:1 го „гази“ Башакшехир и практично го потврдува пласманот во следната рунда. Овој меч синоќа беше прекинат, поради расистички навреди на четвртиот судија кон асистентот на тренерот на турскиот тим Пјер Вебо.
Токму поради тоа вечерва во Париз на „Паркот на принцовите“ имаше невообичаен почеток. Сите фудбалери и сите судии клекнаа на едно колено, со крената тупаница и на овој налин му кажаа не на расизмот.