Connect with us

Фудбал

Мбапе го „сруши“ Меси во Лигата на шампионите

Килијан Мбапе вечерва на бечот ПСЖ-Башакшехир (5:1) постигна два гола, од кои едниот од пенал. Токму тој кој беше прв за него на овој дуел му донесе и рекорд во Лигата на шампионите. Тој стана најмладиот играч во историјата на ова натпреварување кој постигнал 20 или повеќе голови. Мбапе овој учинок го постигна со 21 година и 355 денови. Претходно овој рекорд го држеше Лионел Меси кој до 20 голови во ЛШ стигнал со 22 години и 266 денови.