Фудбал
Мурињо за Манчестер Јунајтед: Не треба да бидат наградени!
Манчестер Јунајтед ги заврши натпреварите во Лигата на шампионите. По поразот од Лајпциг со 3:2, англискиот тим заврши на третото место во групата зад германскиот тим и ПСЖ, па ќе мора да се задоволи со Лига Европа.
Но, поранешниот тренер на „Црвените ѓаволи“, а сега на Тотенхем, Жозе Мурињо вели дека ова е еден вид награда за неуспехот на Манчестер Јунајтед. Како што вели тој, ниту Јунајтед, па ниту еден друг тим, кој нема да обезбеди пласман во следната рунда во Лигата на шампионите не би требало да биде награден со учество во друго натпреварување.
-Кога осум екипи од Лигата на шампионите ќе дојдат во Лигата на Европа, секако дека ќе го подигнат квалитетот, нема сомнеж. Тоа е добра работа за ЕЛ, но од спортска гледна точка не е фер за екипите кои не успеале во едно натпреварување да влезат во друго. Сега Манчестер Јунајтед е еден од најголемите фаворити во Лигата на Европа, вели Мурињо.