Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ го доби тоа што го бараше, Алисон ги спаси „црвените“

Во дербито на 19. коло од англиската Премиер лига Ливерпул и Манчестер Јунајтед одиграа 0:0.

Лидерот Манчестер Јунајтед гостуваше на празен „Енфилд“ против фаворизираниот Ливерпул и на крајот освои навистина вреден бод.

Од самиот почеток се чинеше дека Јунајтед нема да загуби, додека Ливерпул се обидуваше да ја скрши цврстата одбрана на гостите во секој напад.

Во првиот дел скоро и да немаше големи шанси. Ниту второто полувреме не ни донесе накаков спектакл. Ливерпул го затегна обрачот околу голот, но не најде начин да ја затресе мрежата на Де Хеа.

Манчестер Јунајтед ја имаше најголемата шанса на натпреварот во 76. минута, но Алисон од непосредна близина го одбрани ударот на Бруно Фернандес, па остана 0:0. Бразилскиот голман го спаси својот тим и во 84. минута кога го одбрани удар на Погба од десната страна.

Игра во која реално немаше многу што да се гледа, а најмалку голови, а со бод на крајот секако може да бидат задоволни „црвените ѓаволи“, кои остануваат лидери на табелата со два бода предност пред Лестер и три пред „Редсите“.

Во следното коло Јунајтед гостува на Крејвен Котиџ кај Фулам, додека „црвените“ ќе му гостуваат на Барнли.