Фудбал
Познато е колку Меси ќе паузира поради црвениот картон
Лионел Меси е суспендиран на два меча поради црвениот картон кој го заработи во финалето против Атлетик Билбао во Супер купот. Ова значи дека тој нема да биде на располагање на тренерот Роналд Куман на претстојните два меча во Купот на Кралот против Елче и во Ла Лига против Сантандер.
Ова беше прв црвен картон за Лионел Меси по 753 одиграни меча во дресот на Барселона.