Connect with us

Фудбал

Балотели не го сакаат во неговиот град, навивачите му забраниле да паркира пред стадионот

Марио Балотели не е омилена личност кај навивачите на Бреша. Тој е роден во Палермо, а израснал во Бреша, поради што овој град го смета како негово родно место. Но, сепак навивачите на овој тим, за кој настапуваше пред коронавирусот, немаат добро мислење за него.

Имено, пред неколку дена Монца гостуваше на Бреша во рамките од Серие Б. Поради повреда Балотели не се најде во составот, но допатува со својот автомобил да го гледа мечот. Сепак, навивачите му забраниле да се паркира пред стадионот, па тој морал да бара друго место.

Воедно беше дочекан со транспарент „Има други играчи кои го сакаа овој град, ти си никој и ништо, ти си човек без достоинство“.