Фудбал
Инфантино: Фудбалерите не се приоритет за вакцинирање
Претседателот на ФИФА Џани Инфантино за време на состанокот и брифингот со претставниците на СЗО, изјави дека фудбалерите не се на приоритетната листа за вакцинирање.
Одредени земји почнаа со вакцинација на спортисти, со цел да ги подготват за Олимписките игри летово во Токио.
-Приоритет се, секако, загрозените луѓе и здравствените работници. Не ги сметаме фудбалерите за приоритетна група , изјави Инфантино.
Говорејќи за Светското првенство во Катар во 2022. година, Инфантино рече дека натпреварите ќе се играат пред полни стадиони.
-Убеден сум дека ќе биде неверојатно, дека ќе биде истата магија што ќе го обедини светот. Ќе се вратиме таму каде што треба да бидеме “, изјави Инфантино.