Connect with us

Фудбал

„Лајкот“ на Рамос ја откри неговата судбина во Реал Мадрид?!

Серхио Рамос со Реал Мадрид освои пет шампионски титули во Шпанија, четири во ЛШ, четири Суперкупа на Шпанија, четири Светски клупски првенства, три УЕФА Супер купа и два Купа на кралот.

На навивачките профили на Реал Мадрид кружи еден „лајк“ на Рамос кој за многумина е потврда за крај на една ера. Серхио Рамос на една страница лајкуваше информација која вели дека на крајот од сезоната заминува од „Сантијаго Бернабеу“.

Преговорите за нов договор не се завршени, Рамос бара 12 милони евра годишно, додека првиот човек на клубот Перез е дециден дека никој не е поголем од клубот и дека може да остане доколку се согласи на намалување на примањата, пред се поради пандемијата.