Connect with us

Фудбал

Каква глупост на Ајакс: Купиле играч од 22 милиони, ама заборавиле да го пријават за Лига Европа

Холандскиот великан Ајакс го купи напаѓачот Себастијан Халер за 22 милиони евра од Вест Хем, кој практично е најскапото засилување во историјата на овој клуб. Сепак, луѓето задолжени за ова во овој случај постапиле како вистински аматери. Имено, тие заборавиле да го пријават најголемото засилување за продолжението од Лига Европа.

„Точно е дека Халер не е на листата на играчи за Лигата на Европа. Работиме на тоа да утврдиме како дошло до тоа, на врска сме со УЕФА и Фудбалската федерација на Холандија, па ќе видиме каде е пропустот, изјави портпаролот на клубот.