Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: За две недели се игра градското дерби, а Интер го „трола“ Милан со суперболот

За две недели или поточно на 21 февруари на програмата е големото градско дерби помеѓу Милан и Интер. Голема е веројатноста до тогаш овие две екипи да останат на двете водечки позиции, а долги години градските ривали не одиграле дерби како први две екипи на табелата.

Случајно или не, Интер реши да го „трола“ Милан со Суперболот кој се одигра синоќа. Прикажан е слободниот удар и голот на Кристијан Ериксен помеѓу овие две екипи во Купот на Италија, а се разбира во рагби стил.