Фудбал
По Рамос, и Варан не го продолжува договорот со Реал
Не само Серхио Рамос, туку и Рафаел Варан би можел да го напушти Реал Мадрид.
Лос Бланкос може да ги загуби два одличини играчи, бидејќи покрај Серхио Рамос, Варан исто така одлучи да не го продолжи договорот кој истекува во 2022 година со Реал.
„Кралевите“ на тој начин ќе претрпат нов тежок удар, бидејќи со заминувањето на Рамос и Варан „Лос Бланкос“ ќе остане со голема дупка во одбраната.
Сепак, претседателот Флорентино Перез сега започна да размислува за алтернативи, па Пау Торес од Виареал и Диего Карлос од Севилја беа двата фаворити на Реал.
Зинедин Зидан исто така има гласини дека може да си замине по оваа сезона, со еден збор изгледа дека ќе има многу промени и нови лица следната сезона во Мадрид.