Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кога нема публика, микрофоните ловат се-Што му кажа Тухел на неговиот играч?

Челзи игра како препороден, а секако виновник за тоа е новиот тренер Томас Тухел. Беа деветти на табелата, а со него сега се на четвртото место. На последниот меч, одигран синоќа, Челзи славеше против Евертон со 2:0. Сепак, на овој натпревар имаше интересен детаљ. Имено, поради тоа што нема публика, на натпреварите е премногу тивко, па микрофоните „ловат“ се. Така и конверзацијата на Тухел со напаќачот Тимо Вернер.

-Тимо, колку време ќе останеш на левата страна? Ти играш десно! Последните 15 минути си само лево! Не разбираш ништо?