Connect with us

Фудбал

Пандев: По ЕП заминувам во пензија, ако треба да бирам помеѓу ФФМ и Џенова, ќе ја одберам Џенова

Македонскиот најдобар фудбалер и капитен на репрезентацијата Горан Пандев во гостувањето во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 изјави дека по Европското првенство, кое ќе се одржи годинава, заминува во пензија. Ќе настапи со Македонија на историското прво ЕП, а потоа се повлекува.

-По ЕП, најверојатно ќе се пензионирам, ќе ставам крај на активната фудбалска кариера. Со семејството остануваме во Џенова, имам понуди овде да бидам дел од раководството на Џенова. Ако треба да изберам помеѓу ФФМ и Џенова денес, би ја одбрал Џенова, ако се променат работите, овде сум да помогнам за мак фудбалот, изјави Пандев во Студио 10 на ТВ 24.