Фудбал
ВИДЕО: Алиоски и Лидс застанаа на патот на Челзи
По победите над Ливерпул и Евертон, Челзи се „сопна“ кај Лидс. Македонскот репрезентативец Џани Алиоски, кој по неколку меча, настапи од првата минута го сопреа тимот на Томас Тухел. Мечот заврши 0:0, а секако поголемиот дел од играта и шанси имаше Челзи.
За Лидс ова е трето реми сезонава и е на 11. место, додека Челзи е на четвртата позиција. За нивниот тренер Томас Тухел ова е 12-ти меч без пораз во сите конкуренции што е најдобар ефект на еден тренер на „сините“.