Connect with us

Фудбал

Седум години по трагедијата во која прерано замина Петар Милошевски, легендите живеат вечно

На денешен ден, вечерта на 13-ти март 2014-та година во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај клучката во населбата Карпош, загина Петар Милошевски. Тогаш беше директор на македонската фудбалска репрезентација, а поранешен голман.

Во таа сообраќајна несреќа тешко беа повредени уште три лица. Со лесни телесни повреди се здобил и 43 – годишниот Илчо Ѓеорѓиевски, тогашен претседател на ФФМ кој управувал со службеното пежо во кое бил Милошевски и уште двајца сопатници.

За разлика од минатата година, годинава нема сеќавање за Милошевски. ФФМ минатата година барем на социјалните мрежи се сети на него, но оваа година никаква објава.

Не треба да се трошат зборови за Милошовски каков спортист беше, а уште помалку за тоа каков човек беше. Секогаш повлечен, професионален, мирен, сталожен. Македонија ги памети легендите.

Инаку, на судењето кое траеше три години, возачот на џипот, Живко Бојковски (65) од Куманово беше осуден на една година затворска казна.