Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Тортура или казна, Куман остави двајца фудбалери да трчаат по мечот кој победија со 6:1

Роналд Куман, тренер на Барселона, се одлучи по мечот со Реал Сосиедад и победата од 6:1 да им даде задача на Миралем Пјаниќ и Тринкао. Имено, тие се кондициониот тренер трчаа на стадионот, додека останатите фудбалери славеа во соблекувалната.

Каталонски „Спорт“ објави вест со која се прашува дали е ова тортура или казна. Познато е дека Пјаниќ, иако дојде како големо засилување од Јувентус, сепак никако не може да се снајде во Барселона, а не добива ниту многу шанса од Куман.

Тринкао на овој меч играше само шест минути, а интересно е тоа што иако Пиуг во игра влезе по него, сепак тој не се најде на теренот да трча, туку беше со останатите фудбалери во соблекувалната.