Фудбал
Го нема Меси, го нема и Роналдо, дали дојде времето на Нејмар?!
На програмата се првите средби од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Синожа се одиграа дуелите Манчестер Сити – Борусија Дортмунд (2:1) и Реал Мадрид – Ливерпул (3:1). Вечерва на програмата се пресметките помеѓу Баерн Минхен-ПСЖ и Порто-Челзи.
За прв пат во последнит 16 години во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе ги нема Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Во последните 16 години барем еден од нив играше во оваа фаза, а во голем број на случаеви и двајцата.
Поради тоа, популарниот фудбалски портал „Гоал“ објави текст посветен на Бразилецот Нејмар со логично поставено прашање дали кога ги нема Роналди и Меси е дојдено времето на Нејмар. Тој токму поради тоа замина од Барселона, со надеж дека ќе постигне повеќе индивидуални награди, бидејќи на „Камп Ноу“ постојано беше во сенка на Меси. Но, со оглед на учинокот во последниот период, Нејмар е далеку од Меси, но и Роналдо. Во ПСЖ како прва ѕвезда се наметнува Мбапе.
Нејмар досега постигнал 20 голови на 25 мечеви со ПСЖ во ЛШ, па се чини дека токму ова натпреварување му оди. Со оглед на тоа дека вечерва францускиот тим игра против Баерн Минхен, остаува да се види како ќе се покаже Нејмар. Се разбира, патот до финалето е тежок, но познавачите на фудбалот велат дека Нејмар би можел да биде клучниот фудбалер кој би го однел тимот од Париз до финалето, а можеби и до толку посакуваниот пехар.
Лига на шампиони, среда 07.04.2021
БАЕРН МИНХЕН – ПСЖ (21:00 часот)
ПОРТО – ЧЕЛЗИ (21:00 часот)