Фудбал
Адеми и Ристовски испишаа историја со Македонија, на ред е Виљареал, Динамо Загреб го „напаѓа“ полуфиналето
Македонските фудбалски репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски се единствените наши играчи кои ги продолжија натпреварите во европските купови. Тие заедно со нивниот Динамо Загреб со шокантен резултат и победа од 3:0 на домашен терен се пласираа во четвртфиналето од Лига Европа, иако на првиот меч загубија од Тотенхем со 2:0.
Во оваа фаза ги чека шпански Виљареал, кој е пречка на патот кон полуфиналето.
Овие две екипи имаат два меѓусебни дуели, во 2010 година во рамките на групната фаза на Лигата на Европа. Динамо на својот „Максимир“ ги среди Шпанците со 2-0, но потоа загуби со гол повеќе во Виљареал.
Ова е прва пресметка од двете, а Динамо е домаќин. Мечот се игра вечерва со почеток во 21:00 часот.