Connect with us

Фудбал

Што се случува во Шпанија? На еден ден пред големото „Ел Класико“ сменет судијата

Големото „Ел Класико“, кое за жал поради пандемијата ќе се одигра без навивачи, на програмата е утре. Реал Мадрид ја пречекува Барселона, во меч кој може да биде клучен во трката за титулата. Сепак неверојатни вести доаѓаат од Шпанија. Имено, сменет е главниот судија делегиран за овој меч Антонио Матеу Лахос. Правдата сега ќе ја дели Хесус Хил Мансано.

Според информациите Лахос се повредил на мечот од ЛШ помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ и нема да може да ја дели правдата на овој натпревар.

Вo Барселона се бесни, бидејќи веруваат дека Мансано е судија кој навива за Реал Мадрид и кој го има на „пик“ нивниот најдобар фудбалер Лионел Меси.