Connect with us

Фудбал

Хари Кејн поставил ултиматум, што мора да се случи за да остане во Тотенхем?!

Пред неколку недели се појавија шпекулации дека Хари Кејн ќе го напушти Тотенхем по завршувањето на оваа сезона. Секако оваа информација беше изненадување за многу фанови на овој клуб.

Но, „Скај Спорт“ денеска само ги подгреа шпекулациите. Имено, како што објави овој медиум, Хари Кејн дал ултиматум. Тој ќе замине од Тотенхем доколку клубот не обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Во овој момент Тотенхем е на шестото место на табелата и има три бодови помалку од Вест Хем, кој е на четвртото место, последна позиција која води пласман во ЛШ.