Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер едвај славеше против Каљари, а Антонио Конте славеше како да освоиле титула

Интер потешко од очекувањата се справи со Каљари. Славеше со 1:0 со голот на Дармијан и ја задржа бодовната предност во однос на Милан и Јувентус. Се чини дека најбурна прослава на голот имаше Антонио Конте. Иако тоа беше „само“ гол за 1:0 против Каљари, Конте славеше како да освоиле титула.

А, можеби и да се покаже овој меч како клучен. Бидејќи Интер иако не одигра добро, сепак на крајот ги освои трите бода, а тоа на крајот се брои.