Фудбал
ВИДЕО: Две легенди на едно место, Пандев и Буфон се хит во Италија
Видеото од средбата помеѓу Горан Пандев и Џанлуиџи Буфон е хит. Имено, тие пред почетокот на вториот дел од мечот Јувентус –Џенова (3:1) имаа куса средба, а според нивната реакција за тоа малку време си кажале многу убави работи, поради кои добро се насмеаја. Се ште не се знае што точно разговарале, но спортските коментатори на мечот имаа своја верзија.
Буфон: Кога ќе се пензионираш?
Пандев: А, ти? Ти кога ќе се пензионираш?
Ова беше разговорот помеѓу нив според коментаторите, секако на шега. Инаку, Пандев има 37, а Буфон 43 години.
Buffon and Pandev, combined age of 80.
Still loving life at the top ? pic.twitter.com/rXlB1RujJe
— ESPN FC (@ESPNFC) April 11, 2021