Connect with us

Фудбал

Лоши вести, Аријан Адеми повторно се повреди, дали е доведен под знак прашалник настапот на ЕП

Играчот за врска на Динамо Загреб, а и македонски репрезентативец Аријан Адеми заработи повреда на мечот против Локомотива одигран викендов кој неговиот тим го доби со 2:0. Тој го напушти теренот во 58-ма минута. Тренерот на Динамо, Крзнар вели дека тој има оток на стапалото, се чекаат снимки, но додава дека првичните прогнози воопшто не се добри. Сигурно Адеми ќе го пропушти ревашот против Виљареал во четврток (0:1), а да се надеваме дека повредата нема да биде толку сериозна и дека тој ќе биде подготвен за ЕП кое почнува на 11 јуни. Сепак, доколку има скршеница на стапалото, тоа нема да биде добро, бидејќи рекабилитацијата ќе трае подолго.