Фудбал
ВИДЕО: Атлетико Мадрид киксираше, хаос на врвот, три клубови, а два бода разлика
Атлетико Мадрид одигра 1:1 на гостувањето кај Реал Бетис, со што уште повеќе ја направи трката за титулата понеизвесна. „Јорганџиите“ останаа лидери, но сега имаат само еден бод предност пред градскиот ривал Реал Мадрид, а два во однос на Барселона. Три екипи, а само два бода разлика. До крајот на сезоната, која треба да заврши на 23-ти мај, има уште осум кола, па се чини дека трката ќе биде многу неизвесна.
Инаку, по само пет минути игра Караско му донесе предност на Атлетико Мадрид против Бетис, а во 20-та минута Тељо израмни на 1:1. Овој резултат покрај шансите остана до крајот на мечот.