Connect with us

Фудбал

Направи нешто неверојатно, но сепак Флик ќе добие отказ од Баерн Минхен

Покрај тоа што постигна успех, пред се минатата сезона, која освоија се што можеше да се освои, сепак Ханси Флик нема повеќе биде тренер на Баерн Минхен. Време е за нови предизвици. Ова за „Скај“ го откри легендарниот Лотар Матеус, кој прв го откри и конфликтот на тренерот со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

– Убеден сум дека Ханси Флик го имаше својот последен меч во Лигата на шампионите како тренер на Баерн. Сигурен сум дека нема да биде тренер на Баер по крајот на сезоната, изјави Матеус.

БАерн Минхен наводно преговарал со Нагелсман, а Флик наводно имал понуда да биде селектор на Германија. Флик му беше асистент на Јоаким Лев во 2014-та кога Германија стана светски првак.