Фудбал
Флик за неговото заминување од Баерн: Работите се јасни!
Ханси Флик веројатно ги има последните натпревари на клупата на Баерн Минхен. Се погласни се шпекулациите дека и покрај големиот успех кој го направи со тимот, сепак ќе дојде до разделба.
Но, тој не сака многу да коментира на оваа тема. Вели дека новинарите постојано го прашуваат едно те исто.
-Работите се јасни, имам договор со Баерн Минхен, а вие секогаш прашувате што ќе биде во иднина, изјави Флик по мечот со ПСЖ.
Сепак, веројатно му е јасно дека крајот е тука, па и тој размислува за иднината.
-Секогаш размислувам за она што следува, бидејќи за мене успехот е постојан процес. Размислувам како ќе се одвиваат работите, за новите предизвици, како да им се пристапи, имам секако сопствени идеји за се, изјави Флик.