Connect with us

Фудбал

Фудбалер исчезнал по пристигнувањето во Мексико, сакал да започне нов живот?!

Фудбалерот на екипата Архаи од Хаити Вилман Ексуме исчезна по доаѓањето  на неговиот тим во Мексико на мечот со Круз Азул. Но, не е киднапиран, туку самиот одлучил да избега од тимот, да го искористи доаѓањето на екипата во Мексико и да остане тука. Наводно има роднини во Мексико со кои ќе почне нов живот.

Ова не е прв пат да се случат вакви работи во светот на фудбалот. Во претходните години често пати имаше слични ситуации за бегство на фудалери од сиромашни земји во други, економски нешто постабилни држави.

Инаку, тимот од Хаити немаше шанси на ова гостување, па загуби од Криз Азул со 8:0 во Конкакаф лига на шампиони.