Connect with us

Фудбал

Гвардиола за тинејџерот на Борусија: Лаже дека има 17 години!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е воодушевен од играта на тинејџерот на Борусија Дортмунд Џуд Белингем. Сити славеше со 1:2 на реваншот, па со вкупи 4:2 се пласираше во полуфиналето, а Пеп е импресиониран од младиот фудбалер кој беше стрелец на единствениот гол синоќа.

„Лаже дека има 17 години, премногу е добар за негова возраст. Навистина не ми е верно дека е толку млад. Го забележав во текот на мечот кога не добиваше топка од дефанзивците, им се развикуваше да му додадат, ја бараше топката, вели Пеп, кој признава дека дури и разговарал со неговиот тренер.