Фудбал
Барселона го подготви договорот за Меси, дали ќе прифати?!
Првиот човек на Барселона Жоран Лапорта кој пред шест месеци победи на изборите, е решен да го задржи Лионел Меси. Подготвен е новиот договор, но тој ќе биде финансиски послаб од она што го имаше досега Аргентинецот. Според шпанските медиуми финансиите кои сега ќе ги добие Меси, се помали и оние кои му ги нудат другите клубови. Сепак, со оглед на тоа дека е криза во Барселона, планот е финансиите на Меси да растат со подобрувањето на состојбата во тимот.
Новиот договор треба да содржи клаузула дека на Меси ќе му биде загарантирана функцијата амбасадор на клубот во моментот кога ќе ја заврши кариерата..
А од друга страна Лапорта се надева дека идејата за ангажирање на Ерлинг Халанд ќе го убеди аргентинскиот ас да се согласи на продолжување на соработката.