Фудбал
Познат спонзорот на Европската супер лига, ова е компанијата која предизвика „земјотрес“
Џеј Пи Морган, американска банкарска компанија е практично спонзорот на новата Европска супер лига. Токму ова е компанијата која предизвика земјотрес во Европа, бидејќи без силен спонзор, лигата не би се ни формирала.
ЏП Морган ќе инвестира на стартот дури 6 милијарди евра. Првичните шпекулации се дека секој тим само за учество во лигата ќе добие по 350 милиони евра. Ова секако се неверојатни суми, па може да се заклучи дека ова е главната причина поради која 12-те најсилни во Европа се согласиле за учество во една ваква лига.
На стартот се 12 клубови, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем, се согласија да се приклучат на новото натпреварување, покрај Милан, Интер, Јувентус, Барселона, Реал Мадрид и Атлетико.