Фудбал
Барселона, Реал Мадрид и Атлетико избришани од табелата во шпанската Ла Лига
Вистински „земјотрес“ во светот на фудбалот предизвика сооптшението на 12 европски клубови кои најавија старт на Европската супер лига. УЕФА се заканува со суспензии и забрана за настап во националните првенства, националните репрезентации, како и европските натпреварувања.
Реакции стигнаа од сите страни, а најоригинална се чини онаа на Реал Бетис кој на социјалните мрежи објави табела во Ла Лига, но без Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Па, во оваа ситуација лидер е Севиља, па следува Виљареал, па Бетис на третото место, а топ четворката ја комплетира Реал Сосиедад.
Real Betis have already updated their official club website to not include Real Madrid and Barcelona ?? pic.twitter.com/89tJZKuA4N
— ODDSbible (@ODDSbible) April 19, 2021