Connect with us

Фудбал

Само што се формира, Суперлигата се распаѓа, два клуба сакаат да се откажат?!

Многу реакции предизвика соопштението потпишано од 12 најголеми европски клубови кои ставија потпис за формирање на Суперлигата. Вистински земјотрес имаше во Европа, а УЕФА најавуваше санкции. Ако се гледаат реално причините, тогаш формирањето на ваква лига е од финансиски причини. Наводно американска банкарска компанија само во првата сезона планира да инвестира 6 милијарди евра, а секој клуб би имал загарантирани 350 милиони за неговото учество во лигата.

Но, само што е фомирана може да доживее целосен колапс. Имено, „Дејли Мејл“ објави дека два клуба сакаат да се повлечат од оваа идеја. Се спомнуваат имињата на Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Сепак, се поставува прашањето како ќе се откажат, ако веќе ставиле свој потпис на документот.

Тимови кои потпишаа за создавање на вакво натпреварување се Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Тотенхем, Ливерпул, Јувентус, Интер и Милан.