Фудбал
Тешка повреда за Несторовски, ја заврши сезоната, го пропушта и историското Европско?!
Првиот избор за нападот на селекторот Игор Ангеловски, Илија Несторовски се повреди на последниот тренинг на Удинезе. Според информациите од Италија, нашиот напаѓач го повредил коленото. Поради оваа повреда првичните информации велат дека ќе мора да паузира подолго време, односно дека сезоната во Серие А за него е завршена.
Со оглед на тоа дека во Јуни почнува историското ЕП за Македонија, постои веројатност да го пропушти дебитанскиот настап на Македонија.
Голем пех доживеа македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски, откако вчеравечер на последниот тренинг со својот Удинезе доживеал повреда на коленото, поради која веќе извесно е дека ја заврши сезоната во Калчото, но под ризик е дека може и да го пропушти дебито со Македонија на Европското првенство.
Според информации од Чизмата, Несторовски има нагмечување на коленото, па во следните денови ќе биде точна дијагнозата дали станува збор за истегнување на лигаментите на коленото, нивно оштетување или во најлош случај кинење на лигаментите, што би значело дефинитивно пропуштање на континенталниот шампионат.