Connect with us

Фудбал

ФОТО: Клоп го загуби сјајот во очите, енергијата- Ако вака играме, не заслужуваме Лига на шампиони

Јурген Клоп очигледно не беше задоволен од ремито со Њукасл од 1:1 на домашен терен со гол примен во 95-та минута. Со ова Ливерпул се е подалеку од позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите, а под знак прашалник е и пласман во Лига Европа. Поради тоа Клоп е бесен.

-Имавме 70 отсто топката во наш посед, но изгледа треба да ја имаме 80 отсто. Њукасл заслужено освои бод. Со тоа како игравме денеска, не заслужуваме да играме во Лигата на шампиони следната сезона. Ќе видиме што ќе се случи до крајот на првенството, рече Клоп по мечот со Њукасл.