Фудбал
ВИДЕО: Челзи чекори кон Лигата на шампионите
Екипата на Челзи како гостин славеше против изненадувањето на сезоната во Премиер лигата, тимот на Вест Хем со минимални 1:0. Ова може да се каже дека беше директната пресметка за четвртото место, позиција која носи пласман во ЛШ. Стрелец на единствениот гол беше Тимо Вернер во 43-та минута.
Челзи сега е на четврто место со 58 бодови, а Вест Хем е петти со 55.