Фудбал
Куман се надева дека нема да добие отказ
Роналд Куман цврсто верува дека ќе биде на клупата на каталонскиот гигант и следната сезона.
„Претседателот ми даде поддршка и ми укажа доверба од првиот ден кога дојде и додека не каже поинаку, јас верувам дека ќе останам. Се гледам себе си на клупата на Барселона за следната сезона, впрочем, имам договор на уште една година. Ако не биде така, ќе разговараме“, изјави Куман пред новинарите во пресрет на мечот со Виљареал.
Барселона има пет бода помалку од Атлетико и натпревар помалку. Ако го победи Виљареал вечерва, ќе им пријде на „Јорганџиите“ на два бода заостанување.