Фудбал
ВИДЕО: Падот на еден голем играч на Реал Мадрид како што е Марсело
Неговата најдобра фудбалска особина беше брзината, но и прецизните додавања. Имаше навика на своите соиграчи да им сервира топка на тацна. Од сите најмногу благодарен му беше Кристијано Роналдо кого го послужуваше со бројни асистенции. Роналдо три години го нема во Реал, а иако остана го нема ниту Марсело. Останатите од нивната генерација се држат на високо ниво.
Падот на формата кај Марсело е очигледна. Тоа се виде и на синоќешниот меч на кој Реал Мадрид киксираше против Бетис. Марсело доби шанса во вториот дел, но не одигра како што треба. Во 71 –та минута имаше и одлична шанса да ја испрати топката во мрежата, но наместо голот, замалку го погоди Асенсио кој беше далеку.