Фудбал
Каков потег на фудбалерите на Интер, се откажале од премиите за да му помогнат на клубот
Фудбалерите на Интер направија навистина неверојатен потег и покажаа дека сепак парите не се пресудни во фудбалот. Имено, тие се откажаа од премиите за скудетото со цел финансиски да му помогнат на својот клуб. Како голем број екипи, така и Интер се соочува со потешкотии во финансиското работење поради коронакризата. Па, фудбалерите одлучиле да се откажат од премиите со цел тимот колку токлку подобро да функционира.
Инаку, доколку викендов Интер победи, а Аталанта загуби или одигра нерешено, по пауза од 10 години „Нероаѕурите“ ќе го кренат шампионскиот пехар.