Connect with us

Фудбал

Интер ќе освои Скудето, но ќе остане без Конте, италијански новинар тврди дека ќе седне на клупата на лутиот ривал?!

Италијанскиот новинар Паоло Барџиџи тврди дека Антонио Конте би можел сензационално да се врати во Јувентус, и тоа после завршувањето на оваа сезона евентуално освојувајќи го Скудетото со Интер.

-Фабио Паратичи ми рече дека Андреа Ањели останува претседател на Јувентус. Андреа Пирло го напушта клубот на крајот на сезоната, што и да се случи. Масимилијано Алегри е реална опција, но внимавајте на Антонио Конте – изјави новинарот од „Медиасет“ и „Кориере Дело Спорт“.