Фудбал
Одлични вести, финалето во Купот на Италија ќе се одигра со присуство на навивачи
Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино објави дека на гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на финалето на фудбалскиот Куп на Италија меѓу Аталанта и Јувентус.
-Благодариме на владата што го одобри нашето барање да ги вратиме навивачите во финалето на Купот на Италија. Тоа е знак на враќање кон нормалноста што ни треба, објави „Фудбал Италија“.