Фудбал
ВИДЕО: Скандалозното полаѓање на италијански јазик на Суарез и неговиот договор со Јувентус
Се појави снимката од договарањето на Луис Суарез со Јувентус и неговото скандалозно полагање на испитот по италијански јазик. Како што е познато Уругваецот преговараше со Јуве, кога уште беше член на Барселона, но наместо во Торино заврши во Атлетико Мадрид. Причината е тоа што го лажираа тестот за италијански јазик. Суарез, со оглед на тоа дека сопругата му е Италијанка, требаше да положи италијански јазик за да земе италијански пасош, со што Јувентус ќе го ангажираше како фудбалер од ЕУ, бидејќи местата за играчи надвор од ЕУ веќе беа пополнети.
Но, заедно со високи луѓе на Јувентус, Луис Суарез го лажирал испитот, односно резултатите. Поточно речено мамел на испитот. За сето ова има истрага, а кога се дозна во јавноста, трансферот пропадна.