Фудбал
Рајола трие раце, листата на клубови се проширува, Роналдо прави место за Ерлинг
Се чини дека Мино Рајола е на слатки маки. Ја почнаа турнејата на преговори со Барселона и Реал Мадрид, заедно со таткото на Ерлинг Халанд, но се чини дека нема да брза. Имено листата на клубови кои го сакаат младиот напаѓач се пропирува.
Откако стана јасно дека Кристијано Роналдо ќе замине од Јувентус, бидејќи не е задоволен и среќен, а и новиот тренер Масимилиано Алегри не го сака, во тимот на „Старата дама“ се отвора финансиски простор за Халанд. Имено, Роналдо има годишна плата во Јуве од 31 милион евра. Со негова продажба и заштедата на платата, се отвора доволен буџет за Халанд.
Сепак, Јувентус и тоа како има голема конкуренција. Барселона и Реал Мадрид се најконкретни и најупорни. Следуваат Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ, но од сенка набљудува и Баерн Минхен, бидејќи ако не следната, тогаш за две години треба замена за Левандовски, а Халанд е најдобрата можност.