Connect with us

Фудбал

Познати се новите прволигаши

Екипите на Скопје и Брегалница од Штип триумфираа денеска во второлигашката конкуренција во западната и источната група и на две кола пред крајот на првенството обезбедија настап од идната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Фудбалерите на Скопје го заверија прволигашкиот статус и по подолго време се враќаат во ПМФЛ со триумфот попладнево на домашен терен од 2:0 над Охрид, додека Брегалница убедливо со 3:0 го совлада Кожув на Градскиот стадион во Штип и по четири години минати во Втората лига – Исток е нов прволигаш.

Од поодамна прволигашкиот статус го загуби Беласица, додека на чекор до преселба во второлигашка конкуренција е и најтрофејниот македонски клуб Вардар по денешниот пораз во градското дерби од Работнички со 3:1.