Connect with us

Фудбал

Вардар само теорија го спасува од Втора лига, но кој ќе ја претставува Македонија во Европа!?

Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа шесте натпревари од 31. коло по кое останува неизвесна трката за третата позиција која обезбедува учество во евро-куповите следната сезона.

Новиот шампион Шкендија загуби на домашен терен од Струга, Шкупи и Македонија ЃП одиграа нерешено и останаа на исто растојание на табелата. Со ова битката за второ и трето место се разговрува. Во моментов во најдобра позиција е Шкупи со 57 бодови, додека Македонија ЃП  има 52, а Струга 51 бод. До крајот има уште две кола. Познато е дека Шкендија ќе ја претставува Македонија во квалификациите во ЛШ, а останува да се види која од овие горе спомнати екипи ќе игра во квалификациите за Лига Европа.

Вардар уште еднаш е поразен и во последните две кола само теорија го спасува од испаѓање.

Резултати:
Пелистер – Академија Пандев 3:1
Ренова – Беласица 3:1
Шкендија – Струга Трим Лум 0:2
Шкупи – Македонија ЃП 0:0
Силекс – Борец 1:1
Вардар – Работнички 1:3.

Табела: Шкендија 71 бода, Шкупи 57, Македонија ЃП 52, Струга 51, Работнички 44, Пелистер 41, Борец 37, Силекс 36, Ренова 35, Академија Пандев 35, Вардар 31, Беласица 17.