Фудбал
Суперагентот има „супер“ идеја, трампа Погба-Азар?!
Белгискиот интернационалец кој беше фантастичен во Челзи, не успеа да ги покаже своите квалитети во Реал Мадрид. Пред се беше спречен поради повредите. Премалку даде Еден Азар на „Кралскиот клуб“ за парите кои ги платија. Сега, информациите се дека од следната сезона Белгиецот нема да го гледаме во тимот на Зидан.
Менаџерот на Пол Погба, Мино Рајола има одлична идеја, барем одлична според него, но и некои медиуми. Имено, Реал мадрид подолго време го посакува Пол Погба, па можеби ќе го добие доколку на Манчестер Јунајтед го понуди Еден Азар.
„Секако дека таква трампа е возможна од мој аспект, но прашајте во Реал Мадрид“,изјави кусо за медиумите Рајола.
Сепак, тешко е да се поверува дека Манчестер Јунајтед би прифатил такво нешто особено поради фактот што Азар досега беше често пати повреден.