Фудбал
Најдобриот играч на Партизан ја шокираше српската јавност: Заминувам, не ми даваат плата
Репрезентативецот на Јапонија, Такума Асано, одлучи еднострано да го раскине договорот со српскиот трофеен тим Партизан. Информацијата ја објави на социјалните мрежи. Како што тврди, одлуката да замине ја донел поради тоа што не добивал редовоно плата, а и таа што ја добивал не била во договорениот износ. Поради тоа решил да го раскине договорот со Партизан.
Од друга страна, пак, од Партизан велат дека Асано сам одлучил да го раскине договорот, со што ги прекршил професионалните правила, па најавува тужби.
Асано две години е во Партизан, претходно играше за Штутгарт, Хановер, кусо беше дел од Арсенал, а пред тоа настапуваше во Јапонија.