Connect with us

Фудбал

Она што вчера го направи Лукаку, никој не успеал во Серие А

Интер чекори кон шампионската титула, која може да биде официјализирана уште денеска, доколку Сасуоло ја совладата Аталанта. Но, ако не во ова, тогаш во следното коло, бидејќи до крајот на сезоната има уште четири кола.

Главниот потег се чини ангажирањето на Ромелу Лукаку. Иако оваа одлука беше критикувана од фановите и јавноста, бидејќи Лукаку во Манчестер Јунајтед беше „изгубен“, сепак со доаѓањето во Интер се препороди.

На вчерашниот меч против Кротоне (2:0) не успеа да постигне гол, но успеа да асистира на Ериксен. Со ова, Лукаку направи нешто што на ниту еден друг напаѓач не му успеало. Имено, тој во една сезона постигна повеќе од 20 голови и 10 асистенции. Вакво нешто никој не постигал досега.