Фудбал
ВИДЕО: Седум гола во Рим, Џенова без Пандев поразена во голеадата од Лацио
Лацио и Џенова попладнево одиграа фантастичен меч на кој беа постигнати седум голови. Лацио во првиот дел постигна два гола во 30-та и 43-та преку Кореа и Имобиле, па се доби впечаток дека ова ќе биде рутинска победа на домаќинот. Но, „Римјаните“ немаа сигурна победа се до последниот свиреж на судијата. Имено, Марушиќ во 47-ма постигна автогол со што се врати резултатската неизвесност. Лацио повторно во офанзива и повторно два гола, 48-ма Алберто, 56-та Кореа.
Е, тука домашниот тим мислеше дека се е готово. Сепак, во 80-та Скамака и 81-та Шомуродов постигнаа голови за 4:3 и внесоа немир кај Лацио и неизвесност до полсендиот свиреж. Сепак, Џенова без Горан Пандев, кој не настапи поради жолти картони, немаше сили да остане непоразена на овој меч.